Борисов посочи дека договорот меѓу ЕУ и Турција за миграцијата одлично функционира. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 ноември, 2019 10:58

Борисов: Бугарија е земја која има нула миграција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на средбата во Софија со шефот на чешката дипломатија Томаш Петричек истакна дека Бугарија е земја која има нула миграција, благодарение на сите преземени мерки, во согласност со сите европски правила.

Бојко Методиев Борисов е бугарски политичар, актуелен премиер на Бугарија. Претходно бил премиер во периодот од 2009 до 2013 година, лидер на партијата ГЕРБ и градоначалник на Софија од 2005 до 2009. На парламентските избори од 2005 година Бојко Борисов бил кандидат за народен пратеник од Националното движење „Симеон Втори“. По изборите е избран за народен пратеник, од што се откажал поради кариерата во МВР. По конфликтот со тогашниот министер за внатрешни работи, Румен Петков, го напушта системот на полицијата.
На 10 ноември 2005 година е избран за градоначалник на Софија. Во март 2006 година ја основал организацијата „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ), на којашто и денес е лидер. Подоцна организацијата е претворена во политичка партија, која на 5 јули 2009 година победила на парламентарните избори во Бугарија, со освојување на 41% од гласовите.
Во почетокот на 2013 година поради протести во земјата дал оставка по која биле закажани парламентарни избори.

Борисов посочи дека договорот меѓу ЕУ и Турција за миграцијата одлично функционира. 

На тој начин безбедно ја одржуваме границата и го гарантираме спокојството на Европа – рече Борисов.

Бугарскиот премиер посочи и дека, Чешката Република е важен партнер на Бугарија во ЕУ и сојузник во НАТО.

Освен потенцијалот за продлабочување на билатералните односи во трговско-економскиот сектор, на средбата станало збор и за зајакнување на соработката во инвестициите, туризмот, ИТ секторот, прехранбената индустрија, зелени инвестиции, соопшти бугарската владина прес-служба.

Борисов, уште ги истакна добрите макроекономски и финансиски показатели на земјата.

Бугарија е привлечна за странските инвеститори со своите ниски даноци, стабилна економска средина и огромни финансиски резерви. Имаме исклучително добра даночна средина. Инвестиции и стабилност – ќе ги задржиме даноците предвидливи – рече бугарскиот премиер Бојко Борисов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.