Борисов, најголемиот проблем е тврдењето за постоење на македонско малцинство во Бугарија, а Македонците ги смета за преобратени Бугари.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 ноември, 2020 13:24

Борисов: Во Бугарија нема македонско малцинство

Фото/Текст извор: ©dw

Во интервју за германскиот весник, бугарскиот премиер вели дека минатото е еднакво важно како и иднината. Тврди дека Македонците се насилно преобратени Бугари од страна на комунистичката Интернационала!

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг, бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Тој смета дека најголемиот проблем е тврдењето за постоење на македонско малцинство во Бугарија, а Македонците ги смета за преобратени Бугари.

На прашањето дали има излез од актуелната ситуација во која Софија го блокира почетокот на преговорите, Борисов говори за прашањето за македонското малцинство во Бугарија.
„За мене беше големо изненадување последната Резолуција на Европскиот парламент за Бугарија во која беше отворена темата за наводно македонско малцинство во Бугарија.

Во Бугарија нема македонско малцинство. Какво македонско малцинство, ве молам, да има во Бугарија?

Јас не познавам такво.

За првпат од таа резолуција дознав дека такво нешто постои. А тоа што бугарските социјалисти во Европскиот парламент гласаа за Резолуцијата, покажува дека тие мислат дека такво малцинство живее кај нас.

Наместо да имаме позитивна дебата за европскиот пат на Република Северна Македонија, сега се наметнува една сосема поинаква дебата. Морам да кажам дека мене ваквиот развој ми предизвикува голема загриженост“, вели Борисов.
Новинарот на ФАЦ го потсетува дека никој од македонската влада, ни премиерот Зоран Заев, ниту вицепремиерот Никола Димитров не тврдат дека постои македонско малцинство во Бугарија, на што Борисов одговара:

„Можен е компромис. Јас ги вложувам сите сили во тоа. Правиме се што можеме, за нашата билатерална историска комисија да изнајде компромис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...