Бојко Борисов на отворањето на економскиот форум во Пловидв, изјави дека нашата држава треба побрзо да го реши проблемот со признавањето на гоце Делчев како Бугарин, за да може Договорот за добрососедство да се почитува.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2019 15:53

Борисов: Гоце Делчев е бугарски херој!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на отворањето на економскиот форум во Пловидв, изјави дека Гоце Делчев е бугарски херој кој се борел за Македонија исто како што Че Гевара се борел за Куба, пренесуваат бугарските медиуми.

Бугарскиот премиер на денешното отворање на економскиот форум во Пловидв, истакна дека Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за Македонија

Деновиве улогата на Гоце Делчев стана повод за коментари. Тоа е жално, зашто тоа е еден бугарски херој, кој се жртвувал и вложил се за слободата на Македонија. На ист начин еден Че Гевара, по народност Аргентинец, отишол да се бори за слободата на Куба, а потоа загинал за трета држава. Наместо тие херои да не обединуваат и да не прават посилни, стануваат јаболко на раздорот. Тоа се луѓе, кои се жртвувале за доброто на сите луѓе во регионот, изјави Борисов.

Бојко Борисов на отворањето на економскиот форум во Пловидв, изјави дека нашата држава треба побрзо да го реши проблемот со признавањето на гоце Делчев како Бугарин, за да може Договорот за добрососедство да се почитува.

Се надевам дека заедничката комисија за историјата со Северна Македонија на најбрз начин ќе ги прифати неопходните заклучоци за да може Договорот за добрососедство да се почитува и да продолжиме да ги поддржуваме за НАТО и Еу, рече Борисов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести