Музејот на современа уметност на САД во Њујорк, во поставка за архитектурата на поренешна Југославија, објасни што одбележува Македониумот во Крушево

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 6:46

Борисов и Радев да побараат анекс и од Музејот на современа уметност во САД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Музејот на современа уметност во Соединетите Американски Држави во својата редовна поставка ги има меѓу другото и оригиналните нацрти од Кензо Танге за обнова на постземјотресно Скопје но и нацрти за изградбата на Македониумот во Крушево.

Музејот на современа уметност на САД во Њујорк во појаснување за поставката за историската симболика на Македониумот.

Имено се работи за работни нацрти и скици во почетна фаза кои во Македонија ретко кој и имал можност да ги види воопшто. Она што е интересно за архитектите е начинот на кој тогашните идејни творци пронаоѓале решение за проблемите, за нас како нација во моментов, можеби поинтересно е како Музејот на современи уметности на Соединетите Американски Држави сместен во срцето на Њујорк ја објаснил симболиката на споменикот.

“Споменикот го чествува Македонското востание против Отоманското колонијално владеење како и Македонските партизани кои се бореле за естаблирање на социјалистичка Југославија за време по Втората светска војна. Воедно истиот служи и како мавзолеј за анти Отоманскиот борец за слобода Гоце Делчев (се мисли на Никола Карев како првично во Македониумот и требало да биде и мавзолеј на Гоце Делчев) … “

Дел од првите општи нацрти за идниот објект кој го одбележува Македонското Илинденско востание во 1903 година.

Прашање до Заев.

На што ќе биде симбол Македониумот ако се ратификува Договорот за промена на името и негирање во постоењето на Македонската нација?

Чие востание е Илинденското?

Зошто Борисов и Радев не побараат од национална – федерална институција како што е Музејот на современа уметност на САД да изврши корекции врз појаснувањата на поставката? 

На која историја ќе припаѓаат Илиенското Македонско востание и Македонската Народно Ослободителна Борба по која се формира и Република Македонија? И АСНОМ е бугарски?

Бугарите за време на Втората Светска војна беа окупатори!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести