Џафери изрази голема благодарност до премиерот Борисов за поддршката која Бугарија и ја дава на Македонија за членството во НАТО и Европската унија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 февруари, 2019 16:46

Борисов и Џафери среќни за одличната соработка помеѓу Бугарија и Република Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот на собранието на Република Македонија Талат Џафери имаше средба со премиерот на Бугарија Бојко Борисов и нагласија дека Скопје и Софија имале одлична соработка во изминатите години.

Претседателот Талат Џафери нагласи дека Република Македонија е тргната на сигурен пат кон НАТО, и дека посветено работи за датум за почеток на преговорите со ЕУ, а владата ги спроведува упорно реформите и задачите кои се во корист на Македонската држава. Џафери рече дека сите сме свесни дека оваа не е ни малку лесен процес, но со сите сили и капацитети владата работи на постигнување на посакуваната цел.

Џафери изрази голема благодарност до премиерот Борисов за поддршката која Бугарија и ја дава на Македонија за членството во НАТО и Европската унија. На средбата Борисов и Џафери го изразија задоволството за ратификацијата на Протоколот за НАТО во Бугарскиот парламент.

Тој се сретна и со заменик-претседателот на Владата на Република Бугарија и шеф на дипломатијата, Екатерина Захариева. Таа истакна дека е национален интерес за Бугарија во однос на Република Македонија да имаме стабилен и безбеден сосед. Државата ќе биде таква, кога ќе стане членка на НАТО и ЕУ, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерија Захариева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.