Му реков на македонскиот премиер Зоран Заев да не поднесува оставка, изјави синоќа по работната вечера на европските лидери во Брисел, бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 октомври, 2019 10:55

Борисов: Му реков на Заев да не поднесува оставка!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На новинарско прашање по синоќешниот самит кој траеше до два часот по полноќ, бугарскиот премиеро Бојко Борисов откри дека долго разговарал со македонскиот премиер Зоран Заев и го посоветувал да не поднесе оставка.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го посоветувал премиерот Заев да не поднесе оставка

Му реков на македонскиот премиер Зоран Заев да не поднесува оставка, изјави синоќа по работната вечера на европските лидери во Брисел, бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Имав долг разговор со него им реков да не поднесува оставка“, изјави Борисов.

Премиерот Зоран Заев на неколку наврати посочи дека доколку не добиеме датум за преговори ќе си поднесе оставка. Тој во јуни за Ле Соар изјави дека во случај да не се додели датумот за преговори, тој ќе биде обвинет дека ги излажал пратениците дека гласањето за Преспанскиот договор значи отворање на вратите на ЕУ.

Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат – вели Заев во интервјуто за „Ле Соар“.

Инаку токму Бугарија даде поддршка на група земји-членки на ЕУ, предводени од Словенија и Малта за блокирање на предлог-заклучокот составен од Ангела Меркел, Емануел Макрон и Доналд Туск, за одлагање на одлуката за отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија за на пролет.

Самитот на ЕУ продолжува и денеска, но неизвесно е дали лидерите повторно ќе се навратат на темата за проширувањето на Унијата. Државите-пријатели на процесот проценуваат дека во вакви околности е подобро Самитот да заврши без заклучок.

„Ново одлагање, без јасно преземање обврска дека и во април нема да има нова одлагање, дополнително го нарушува кредибилитетот на ЕУ и ги обесхрабрува земјите-кандидати и нивните граѓани. Подобро да нема заклучок отколку да има лош заклучок“, коментира дипломат присутен на состанокот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.