Премиерот на Бугарија, по интервенции на колегите од ЕУ кои посочија и можни санкции врз земјата, започна сеопфатна акција околу продажбата на пасоши на странци од регионот

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 ноември, 2018 8:40

Борисов нареди да се прегледаат сите издадени пасоши

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По аферата продажба на бугарски пасоши и уверенија за државјанства, премиерот на Бугарија, под притисок на ЕУ, лично ќе ги прегледа сите пасоши изадени изминатите пет години.

Имено бугарскиот премиер Бојко Борисов им наложи на Министерството за внатрешни работи и на Државната агенција за национална бебзедност да извршат проверка на бугарските патни документи издадени на странци во последните пет години.

Како што јави БТА, Борисов воедно побарал итна истрага за начините на кои се издавале бугарските пасоши на странци.

Барањето на Борисов следи откако кон крајот на минатиот месец  Јавното обвинителство на Бугарија објави дека открило измами при издавањето на бугарски пасоши на странски државјани, во која била вмешана Државната агенција за Бугарите кои живеат во странство.

Во политичките кругови се говори дека ова е последен притисок врз Красимир Каракачанов, актуелен миснитер за одбрана и претседател на партијата ВМРО – БНД да си поднесе сам оставка, пред да биде сменет.

Во рамки на оваа истрага, на 31 октомври беа уапсени директорот на Државната агенција за Бугарите кои живеат во странство и 19 службеници во оваа институција.

Се претпоставува дека акцент ќе бидат издадените пасоши на Македонски граѓани, за кои во периодот од пет години бројката изнесува над 50.000.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.