– Видете и во Бугарија има многу луѓе кои сметаат дека тоа е отстапка од нашата историја. Дека тое е отстапка и буквално предавство на историјата.

Објавил: Владо Марин | 28 април, 2020 5:49

БОРИСОВ: Ние не ве спречуваме да зборувате на каков сакате јазик, ние си имаме бугарски јазик!

Фото/Текст извор: ©Сител

Ние не ве спречуваме да зборувате на каков сакате јазик. Ние си имаме бугарски јазик и си зборуваме на бугарски јазик. Вие како сакате зборувајте си.

Ваша работа е не се мешам во тоа. Го признаваме јазикот кој е според вашиот Устав, но дајте историчарите да дадат текст кој ќе биде прифатлив за двете страни, изјави буграскиот премиер Бојко Борисов во интервју за ТВ Сител во врска со барањето на бугарската страна во европските документи да стои официјален јазик на РСМ, наместо македонски јазик.

– На каков јазик разговараме ние сега? Преведувач кај тебе има ли, дали има кај  мене преведувач?

Го признаваме јазикот кој е според вашиот Устав. Видете јас пак ќе кажам Австрија и Германија дали спорат за јазикот? Ама и ние не спориме со вас. Ние си зборуваме еден ист јазик, се се движи… добро се движи. И сега вие сакате од тоа да правиме тема – вели Борисов.

Го признаваме јазикот кој е според вашиот Устав. Видете јас пак ќе кажам Австрија и Германија дали спорат за јазикот? Ама и ние не спориме со вас. Ние си зборуваме еден ист јазик, се се движи… добро се движи. И сега вие сакате од тоа да правиме тема – вели Борисов.

На коментарот зошто Бугарија инсистира во европските документи за јазикот да стои официјален јазик на РСМ, а не македонски јазик, Борисов рече дека треба да се остави историчарите да дадат прифатлив предлог за двете страни.

– Видете и во Бугарија има многу луѓе кои сметаат дека тоа е отстапка од нашата историја. Дека тое е отстапка и буквално предавство на историјата.Така што, и вие треба и мене да ме разберете и да ја разберете и нашата политика.

Мој најпријателски совет е. Ве поддржавме за НАТО со две раце. Мислам дека бевме први. Ако не сме први тогаш сигруно сме втори. Ве поддржавме за ЕУ. Повторувам. Ајде историчарите да дадат текст кој ќе биде прифатлив за двете страни. Инаку нема како. И во Бугарија има многу противници, особено за вакви теми –  вели Борисов.

Тој додаде и:

– Ние не ве спречуваме да зборувате на каков сакате јазик. Ние си имаме бугарски јазик и си зборуваме на бугарски јазик. Вие како сакате зборувајте си. Ваша работа е не се мешам во тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови...

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...