Предвоената Бугарска влада настојувала окупацијата на Македонија да ја претстави како природно проширување на бугарската територија, како преземање на свои национални територии.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 декември, 2019 20:10

Борисов: Сакаме да ја видиме Македонија во ЕУ ама да заборавите дека бевме со фашистите?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот премиер Бојко Борисов веќе на неколку пати пред јавноста изјави дека Бугарија е голем пријател на Македонија и ја поддржува на патот кон ЕУ. Но исто така токму Борисов е оној кој ја негира Македонската историја

Ова го кажа бугарскиот премиер Бојко Борисов во врска со изјавата на претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за БГНЕС дека Бугарија помогнала за евроинтеграцијата на С.Макеоднија и за отстранување на нејзината меѓународна излолација.

Тој денеска истакна дека Бугарија очекува и сака да ја види Република Македонија, како во НАТО, така и во Европската унија, и дека на тоа работат сите.

Бојко Борисов ова го изјави по изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервјуто за БГНЕС дека Бугарија помогнала за евроинтеграцијата на Македонија и за отстранување на нејзината меѓународна излолација.

Бугарскиот премиер  Борисов, вели дека оценката на Пендаровски за политиката на Софија кон Скопје е како добиена највисока оценка од „Стандард и Пурс“. (Агенцијата „Стандард и Пурс“ деновиве го подигна кредитниот рејтинг на Бугарија, кој во моментов е највисок меѓу балканските земји).

 Тоа е да и помогнеме на една наша соседна држава, и самиот претседател да признае дека ги извлековме од изолација, затоа што направивме огромен напор за ова. Сакам да му се заблагодарам на Пендаровски преку БГНЕС за тоа го кажа, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Што сака всушност Борисов? Неодамна по средбата со Мицкоски во Загреб, Борисов изјави дека во Македонија -не треба само да се заборави на антибугарска политика (овде мисли да заборавиме на нивната фашистичка политика*), туку треба да се разбере дека таа е погрешна.

Да се потсетиме*:
Бугарската влада настојувала окупацијата на Македонија да ја претстави како природно проширување на бугарската територија, како преземање на свои национални територии. Отука бугарските власти презеле повеќе дејности во разни правци. Покрај административниот апарат бил создаден и голем пропаганден систем во Македонија.

Бугарската влада донела акт за промена на националноста на македонскиот народ во бугарска. Овој едностран акт имал за цел пред јавноста на Бугарија и нејзините сојузници да се оправда окупацијата. Негирањето на македонската националност се спроведеувала и од разни културни институции, кои сакале македонскиот народ да го прикажат како бугарски. Под особен силен притисок била изложена македонската младина. Училишниот систем во Македонија бил најорганизираниот дел од бугарската денационализаторска политика. Во Македонија бил создаден широк систем на училишни институции.

Во училишната мрежа биле опфатени речиси сите поголеми населени места во Македонија. Во учебната 1941/1942 година биле отворени 800 основни училишта, 180 осмолетки, 10 полни и 7 неполни гимназии. Во учебната 1941/1942 година бугарските власти се обиделе да отворат универзитет во Скопје, а преку него требало да се создаде кадар кои подоцна би ја ширел бугарската национална свет меѓу македонскиот народ, меѓутоа универзитетот бил отворен во учебната 1943/1944 година.

Поголемиот дел од просветниот кадар бил донесен од Бугарија, а за назначување на учители – Македонци требало гаранција од полициските власти за благонадежност. Во училиштата биле создадени специјални наствани програми. Речиси целата настава била сведена на изучување на таканаречените групни предмети по б’лгарознание, во која спаѓале: бугарски јазик и бугарска национална историја. Голем број на научни институции, кои биле под контрола на Дирекцијата за национална пропаганда на чело со Никола Коларов, се обиделе на разни начини сред македонските средини да докажат дека Македонија е бугарска земја, а Македонците се Бугари.

Ова е само извадок,  за Бугарскиот ФАШИЗАМ не се доволни ни десет книги каде може да се опише нивната суровост и бруталност кон Македонскиот Народ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести