Бугарскиот премиер Бојко Борисов истакнал дека во моментов во светот нема лек за коронавирусот, но посочува дека нема ниту заболен кој што не е лекуван,пренесува БГНЕС, .

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 април, 2020 11:10

Борисов: Ќе испратам стотина заштитни скафандери во Македонија- браќата се гледаат кога е тешко!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска најави дека Бугарија ќе и помогне на нашата земја со заптитна опрема. Имено Борисов истакна дека ќе бидат испратени стотина скафандери за, како не нарекува „браќа од Северна Македонија“.

„Многу е лесно да велиш браќа сме, но браќа сме се гледа кога ти е тешко. Кога ти умираат луѓе. Тогаш тогаш треба да се дејствува. Наредив уште денес да бидат испратени стотина заштитни скафандери за лекарите во Македонија, кои се на првата линија”, изјавил Борисов.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов истакнал дека во моментов во светот нема лек за коронавирусот, но посочува дека нема ниту заболен кој што не е лекуван,пренесува БГНЕС, .

„Ние обезбедивме препарати кои помогаат и во другите држави“, изјавил Борисов.

До сега Македонија доби 1,1 милион долари помош од САД за борбата со Ковид-19, полицијата доби 100 000 маски и 5 000 заштитни костуми, помош од унгарската влада, имено Петер Сијарто, кој во земјава донесе медицинска помош, 100.000 ЗАШТИТНИ МАСКИ И 5.000 СКАФАНДЕРИ воедно е прв странски политичар кој дојде во посета на Македонија, во пандемијата на коронавирус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.