За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година.

Објавил: Перо Милчин | 25 јуни, 2019 16:02

Борис Трајковски денес ќе наполнеше 63 години-ова беше неговата најголема гордост, Сара Трајковска!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На денешен ден Борис Трајковски ќе наполнеше 63 години. Тој беше македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога неговиот мандат заврши со трагичната смрт во авионска несреќа.

На денешен ден е роден поранешниот втор претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година. 

До 1997 година е раководител на правната служба на градежното претпријатие „Слобода“ од Скопје, од 1997 до 1998 година е шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода – Скопје, а од 21 декември 1998 година е заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во десно-центристичката влада предводена од Љубчо Георгиевски.

Сара Трајковска живее во Њујорк, каде 2012 година се запиша на тамошниот универзитет, има помал брат Стефан Трајковски.

Трајковски беше сопруг на Вилма, и двете деца Сара и Стефан. Неговата ќерка Сара Трајковска во 2004 година се пресели за Њујорк.

Која беше Вилма Трајковска, поранешната Прва дама на Република Македонија и сопруга на починатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски?

Вилма Трајковска е поранешна Прва Дама на Република Македонија, сопруга на починатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и активист во невладиниот сектор.
Вилма Трајковска е родена во Колешино, Струмичко. Средното образование го завршила во СУГС „Георги Димитров“ во Скопје.

Таа е поранешна Прва дама на Република Македонија и сопруга на починатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.Работела во Дирекцијата за издавачки работи во НБРМ, каде ја вршела функцијата директор сè додека Дирекцијата не била укината.

Вилма Трајковска е поранешна Прва Дама на Република Македонија, сопруга на починатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и активист во невладиниот сектор.

Таа е и основач на ВИТРА, непрофитна и невладина фондација формирана во Република Македонија во 2001 год.

Со цел да ја афирмира жената и нејзината улога за сестран развој на општеството, Трајковска активно учествува на бројни форуми и конференции во Република Македонија и во странство. Била и покровител на Меѓународната конференција „Жените во 21-от век“ одржана во 2002 година во Охрид.

Многумина Македонци сметаат дека претседателот Трајковски загинал под неразјаснети околности, незадоволни од официјалното објаснување дека се работи за грешка на пилотот во авионот. Постојат шпекулации дека тој можеби бил жртва на атентат.
Рејтингот на Трајковски дури беше претседател беше доста низок, но по несреќата што му се случи неговиот углед нагло порасна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови...

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...