Во говор пред неговите поддржувачи, Џонсон нагласи дека Британија ќе излезе од ЕУ до 31 јануари.

Објавил: Весна Петровска | 13 декември, 2019 18:06

Борис Џонсон апсолутен победник! – Велика Британија излегува од Европската Унија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека гласачите и` довериле на неговата Конзервативна партија моќен мандат за да ја извади Британија надвор од Европската Унија.

Во говор пред неговите поддржувачи, Џонсон нагласи дека Британија ќе излезе од ЕУ до 31 јануари.

Изборите беа своевиден референдум и за иднината на Шкотска во Обединетото Кралство. Тамошната Шкотска национална партија која се залага за независност и останување во Европската Унија го освои мнозинството од гласовите.

– Сакам да им се заблагодарам на луѓето од оваа земја што излегоа да гласаат на изборите, кои не сакавме да ги распишеме, но се покажа како историски избори. Ова е шанса за новата влада, да ја почитуваме демократската волја на британскиот народ, да ја промениме оваа држава на подобро и да го ослободиме потенцијалот на целиот народ на оваа земја. Тоа е она што сега ќе го направиме.

Тој, исто така, рече дека Владата треба да ги претставува сите страни на Обединетото Кралство.

Резулатите од гласањето покажаа дека конзервативците на Џонсон добиле најмалку 364 од 650 места во Долниот дом на Парламентот, обезбедувајќи владино мнозинство.

Лидерот на британската опозиција Џереми Корбин, изјави дека ќе се повлече од функцијата лидер на партијата, по големиот пораз на изборите.

– Брегзит длабоко ја поларизираше и подели оваа земја и ја засени вообичаената политичка дебата. Тоа придонесе за вечерашниот резултат на Лабуристичката партија низ земјава. Социјалната правда и прашањата за потребите на луѓето нема да исчезнат само затоа што се справуваме со Брегзит на начинот на кој Борис Џонсон веројатно планира да се справи со тоа во моментот, изјави Корбин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.