Во интервју за британски САН, Џонсон рече дека тоа му даде поттик да ги избрка сите негативни мисли во најтемните моменти кога беше на интензивна нега.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 мај, 2020 8:51

БОРИС ЏОНСОН ЗА ЛИЧНАТА БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ: Стравот дека нема да го видам синот ми даде сила!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека се плашел од фактот дека никогаш нема да го види синот и токму тоа му дало најголема сила да го победи новиот вирус Корона.

Британскиот премиер пред три недели успеа да го победи коронавирусот…

Во интервју за британски САН, Џонсон рече дека тоа му даде поттик да ги избрка сите негативни мисли во најтемните моменти кога беше на интензивна нега.

„Едноставно одбив да размислувам за тоа“, рече Џонсон, истакнувајќи дека додека лежел поврзан со монитори, тој се фокусирал само на позитивните мисли за свршеничката Кери Симондс, детето кое дојде на свет и остатокот од семејството.

На прашањето дали се плашел дека никогаш нема да го види својот син, кој се роди во меѓувреме, Џонсон рече дека од тоа всушност и најмногу се плашел.

„Имаме многу причини да живееме, да работиме и нема да кријам, размислував за тоа“, рече британскиот премиер.

Три недели по борбата против Коронавирусот, Џонсон се врати во болницата за да го види својот син Вилфред Лори Николас, пишува весникот, додавајќи дека средното име Николас го добил во чест на д-р Николас Прајс и професорот Никола Харт кои го спасија живот на Џонсон додека беше на интензивна нега.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.