Грижата за здравјето на граѓаните се чини е најдосадната тема за функционерите на СДСМ во собранието на РМ.

Објавил: admin@magazin | 28 ноември, 2018 0:14

Борко Ристовски распали на фејсбук по Шилегов и Макрадули: Ова е брука и срамота

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Нашиот легендарен ракометен голман Борко Ристовски на својот Фејсбук профил објави статус по повод актуелните случувања во Собранието.

Додека жителите на Скопје се гушат во смог и токсични материи во воздухот, заменик-министерот за животна средина спие на седница на која се дискутира токму за неговиот ресор, а градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, игра игрици на мобилниот телефон.

Грижата за здравјето на граѓаните се чини е најдосадната тема за функционерите на СДСМ. По тој повод  Борко Ристевски со остри реакции на социјалните мрежи.

Градоначалникот на главниот град „тепаше време“ со играње игрици на мобилниот телефон, а заменик-министерот за животна средина – заспа.

-Скопје се гуши! Македонија се гуши! Меѓутоа колку што разбрав и прочитав на седницата за наоѓање решение на проблемот имаат очигледно попаметна работа. Срамота и брука! Македонија заслужува повеќе, стои во статусот на Фејсбук.

Борко Ристовски e роден 2 ноември 1982 во Скопје, — македонски ракометар кој игра за екипата на Рајн-Некар Левен во германската Бундеслига и за ракометната репрезентација Македонија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...