БиХ е можеби комплексна и конфузна, но електоратот на Федерацијата со половина милион неважечки гласачки ливчиња, испрати јасна и гласна порака до политичарите

Објавил: Мартин Попоски | 11 октомври, 2018 7:40

Босанците им испратија порака на политичарите, 500.000 неважечки ливчиња

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Централна изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) ги објави новите прелиминарни резултати за општите избори кои се одржаа на 7 октомври.

На изборите право на глас имале 3.352.933 граѓани кои бираа претставници за Претседателството на БиХ, Парламентот на БиХ, Парламент на федерацијата на БиХ и претседател и потпретседател на Република Српска, Собранието на РС и собранијата на кантоните на Федерацијата БиХ.

Тоа што веднаш паѓа во очи, е огромниот број од 452.324 неважечки гласачки ливчиња, од кои 107.337 за Претседателство на БиХ, 135.971 за Парламентот на Босна и Херцеговина, 68.909 за Парламентот на Федерацијата на БиХ.

Но, бидејќи пребројувањето се уште трае, до сега се обработени 93.04 отсто од избирачки места, се очекува бројот на неважечки гласови да помине преку половина милион избирачки ливчиња.

Со ова е повеќе од изведно дека 1/4 од електоратот на Федерацијата Босна и Херцеговина испратил моќна порака до политичките партии и нивните предлог кандидати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.