На средбата со градоначалникот Живко Гошаревски, министерот Бочварски ја изрази поддршката од централната власт кон општина Ресен и Преспанскиот регион заради економски и туристички развој.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 март, 2021 8:18

Бочварски: Годинава ќе се реконструира патот од Охрид до Ресен преку Галичица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оваа година ќе се реконструира патот од Ресен до Охрид преку Галичица со што ќе допринесеме за развој на туризмот во овој регион.  Во исто време, ЈП за државни патишта проектира и обиколница околу Ресен со која ќе се растерети сообраќајот од тешки товарни возила кои минуваат низ градот, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при вчерашната работна посета во општина Ресен. 

На средбата со градоначалникот Живко Гошаревски, министерот Бочварски ја изрази поддршката од централната власт кон општина Ресен и Преспанскиот регион заради економски и туристички развој. 

Министерот истакна дека во општина Ресен преку Министерството за транспорт и врски во завршна фаза е реконструкција на водоводната мрежа во централното градско подрачје, проект вреден преку 42 милиони денари. Тој најави нови инфраструктурни проекти. 

“ Инфраструктурата во Преспанскиот регион е многу значајна и затоа ние како Влада посветуваме големо внимание. Во тек е проектирање на обиколница околу Ресен, многу значаен проект со кој ќе помогнеме околу сообраќајот низ градот. Очекувањата се дека оваа година ќе заврши проектирањето и веднаш ќе го ставиме проектот во програмите на ЈП за државни патишта. Уште еден значаен проект е гасификацијата. Оваа година завршува изградбата на магистралниот гасовод до Битола и потоа веднаш започнуваме со проектирање на крак од Битола до Охрид со што жителите на општина Ресен ќе може да се врзат на овој крак од гасоводот, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. 

И во услови на ковид криза, општина Ресен заврши многу капитални проекти, потенцира градоначалникот Живко Гошаревски.
“Автопатското решение од Прилеп кон Битола како и изградбата на обиколница Ресен се два значајни проекти како за економскиот развој така и за туризмот. Јас на министерот му ги образложив сите наши проекти и визии и се согласивме дека со поддршка на Владата сме на добар пат да ја разбудиме заспаната убавица Преспа”, истакна градоначалникот Живко Гошаревски.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...