Министерот потенцираше дека само на источниот крак од овој Коридор, се инвестираат околу 100 милиони евра.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 февруари, 2021 16:04

Бочварски: Преку 700 милиони евра инвестираме за модернизација на Коридор 8

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вкупните средства планирани за доизградба и рехабилитација на целиот Коридор 8 надминуваат 700 милиони евра, што само по себе говори дека оваа Влада е силно посветена на модернизација на европските коридори, на отворање на нови перспективи за нашите граѓани и компании, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. 

Министерот потенцираше дека само на источниот крак од овој Коридор, се инвестираат околу 100 милиони евра. 

Тој со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во рехабилитација на втората фаза од државниот пат Куманово –Страцин, дел од патниот правец на Коридор 8. 

Рехабилитацијата на патниот правец од Куманово до Страцин се реализира во две фази. Инвестицијата е во вкупна вредност од 13 милиони евра, а предвидена е рехабилитација на делницата долга 32 километри. Тоа што е значајно е дека значително ќе ја подобриме безбедноста во сообраќајот на овој државен пат. 

Првата фаза се одвива непрекинато и очекуваме оваа година да биде завршена рехабилитацијата. Во однос на првата фаза од Куманово до с. Војник, веќе имаме избрано фирма изведувач, во фаза е изборот за надзор и очекуваме месец март да започне рехабилитација и на оваа делница, така да заедно со директорот целосно сме фокусирани на модернизација на овој Коридор”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.  

Директорот на ЈП за државни патишта потецираше дека од буџетот на ЈПДП се инвестираат 7,2 милиони евра за рехабилитација на втората фаза од овој патен правец.
 
“ Денеска сме овде да го проследиме прогресот во градежните активности кои се извршуваат на рехабилитацијата на државниот пат А2 делница Куманово-Страцин, втора фаза. Станува збор за делница долга 16,64 км со променлива ширина од 7 до 10 метри. Овој проект е финансиран од Буџетот на ЈПДП и неговата вредност е во висина од 7,2 милиони евра. Конечно во блиска иднина ќе заврши маката и голготата за жителите од овој регион и овој пат којшто е стар 30-тина години ќе биде квалитетно рехабилитиран и реконструиран за да биде долговечен бидејќи овде има фреквенција на тежок соообраќај”, изјави Ејуп Рустеми, директор на ЈП за државни патишта. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...