Во однос на шпекулациите дека автопатот поскапел, би истакнал дека таквите информации не се точни. Цената е утврдена уште од 2018 година на 598 милиони евра и не станува збор за дополнително поскапување”, изјави министерот Благој Бочварски.

Објавил: admin@magazin | 22 мај, 2021 21:47

Бочварски – Рустеми: Интензивно работиме на автопатот Кичево – Охрид со преку 360 машини и преку 720 работници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Имаме силен интензитет на работа на автопатот Кичево – Охрид, секојдневно работат преку 360 машини со преку 720 работници. Сите дополнителни работи се проектирани, дваесетина инфраструктурни проекти се завршени и дополнително е отворен фронт за нови работи. На две клучки на Арбиново и Издеглавје веќе интензивно се работи, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми извршија увид во изградба на автопатот Кичево – Охрид. 

Министерот Бочварски истакна дека експропријацијата на земјиштето на главата траса е завршена, конструкцијата на тунелот е исто така завршена, изградени се 3,5 километри потпорни ѕидови, а ископот на цела траса е завршен со 53 проценти. 

Во однос на прогрес на градежните работи, тој се движи од 63 проценти на вкупниот проект.

Можам слободно да истакнам дека дваесет инфраструктурни проекти се готови што значи дека на нови дваесетина позиции може непрекинато да се работи што ни дава дополнителен стимул да го забрзаме темпото на изградба. До сега се асфалтирани 31 % од прв слој на асфалт од вкпуната траса, а завршени се дополнителните проекти за 9 –те клучки. Во меѓувреме се работи на алтернативните пристапни патишта, на ископите, на изградба на мостовите и вијадуктите, на тампонирање и останати земјени работи каде позициите тоа го дозволуваат.

Во однос на шпекулациите дека автопатот поскапел, би истакнал дека таквите информации не се точни. Цената е утврдена уште од 2018 година на 598 милиони евра и не станува збор за дополнително поскапување”, изјави министерот Благој Бочварски. 

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми истакна дека се работи со силен прогрес а сите дополнителни работи се завршени. 

Се работи на земјени работи, поголем број на вијадукти, клучки, пристапни патишта, потпорни ѕидови, надпатници и подпатници и се друго што е предвидено согласно со проектот на изградба. Изведени се градежни работи во тунелот со две тунелски цевки во двата правци во вкупна должина од 4 км, кои ќе бидат опремени по најсовремени европски стандарди, изјави Ејуп Рустеми, директор на ЈП за државни патишта. 

На новинарско прашање кога ќе биде завршен автопатот, министерот Бочварски истакна дека во овој момент се преговара со Изведувачот за нов анекс на договорот со кој ќе се продолжи изградбата на автопатот, без дополнителни средства.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...