Бошњаковски истакна дека Владата осудува говор на омраза

Објавил: admin@magazin | 24 април, 2019 12:46

Бошњаковски: Владата не се меша во работата на верските заедници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Северна“ Македонија е секуларна држава и Владата не се меша во работата на верските заедници, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со вчерашните превирања во Исламската верска заедница.

Скендер Бузаку, напомена дека ја повикал финансиската полиција да ги детектира неправилностите во работата на раководните тела на ИВЗ.

За обвинувањата на реисот Сулејман Реџепи упатени кон Владата, Бошњаковски истакна дека Владата осудува говор на омраза, како и секогаш досега и додаде дека институциите што се вклучени во одредени проблематики што се случуваат во ИВЗ ќе го дадат и својот збор во дадено време.

Пробемот ескалира вчера попладне кога со одлука на судот за нов поглавар на ИВЗ беше назначен Скендер Бузаку, кој најави дека од денеска го презема раководењето со верската заедница и дополни дека тој ја има повикано финансиксата полиција да ги детектира неправилностите во работата на раковдните тела на ИВЗ.

На тоа реагираше Ријасетот на ИВЗ и лично реисот Реџепи, обвинувајќи ги Комисијата за верски заедници и владата за грубо мешање во нивната работа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести