Психологот Бојана Стојменовиќ за Магазин.мк дава совети како квалитетно да го поминете времето дома и како да го победите стравот од целата ситуација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2020 20:10

БОЈАНА СТОЈМЕНОВИЌ ЗА МАГАЗИН: На овој фронт се бориме со сопствената самосвест и самоконтрола!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ова е период кога низ целиот свет владее страв од новиот Коронавирус (COVID 19). Многу од луѓето се плашат и живеат во страв затворени во своите домови, не сакајќи да заболат од мистериозниот вирус .

„Освен стравот од заболување од Коронавирус и грижата и стравот за најблиските, фактот дека коронавирусот ја окупира секоја област од животот, ги прави луѓето вознемирени. Сите новости се поврзани со вирусот корона.

Но како сега да го зачувате менталното здравје е клучното прашање? Психологот Бојана Стојменовиќ за МАГАЗИН.МК дава совети како квалитетно да го поминете времето дома и како да го победите стравот од целата ситуација.

1.Како стравот од коронавирусот влијае врз граѓаните, дали кога најпосле се ќе заврши тоа ќе се одрази на нивното ментално здравје?

Б.С. -Сите ние моментално се соочуваме со ист предизвик кога станува збор за менталното здравје во насока на негова заштита и превенција. Стравот е нормална и очекувана реакција, но не треба да дозволиме да не инхибира. Пред извесно време следев изјава на еден Американски психијатар кој вели дека дури и одредена доза на страв и анксиозност е и потребна овој период, затоа што на тој начин повеќе би ги следеле мерките на претпазливост и заштита. Од аспект на зачувување на доброто ментално здравје најчесто препорачувам едно правило од три чекора:

1. Лимитирај време поминато во следење и читање на вести.

2. Поминувај време со блиските.

3. Инвестирај време во активности кои ти предизвикуваат пријатни емоции и те релаксираат. Секако, важно е да се напомене и дека доколку сметаме дека стравот не окупира и инхибира, можеме и да побараме професионална помош.

Совети од Бојана Стојменовиќ – психолог, како квалитетно да го поминете времето дома и како да го победите стравот од целата ситуација со Коронавирусот.

2.Граѓаните се преоптоварени со секојдневни информации поврзани со коронавирусот. Постојано се следат прес-конференции на кои се соопштува бројот на новозаразени случаи, дали сметате дека стоење настрана од целата ситуација, помалку информации околу вирусот би можело да помогне за смирување на психата?

Б.С.– Секој човек сака да биде навремено информиран, некаде сите заедно ја делиме истата потреба. Но секако секој лично за себе треба да повлече една црта во однос на тоа колку од овие информации ми се навистина потребни, а колку само дополнително ме вознемируваат. СЗО исто така уште во почетокот на прогласувањето на панддемијата даде насоки за заштита на менталното здравје, а токму првата насока е за лимитирање на времето поминато во читање и прибирање на нови информации. И секако, доколку тоа го правиме, да го правиме од проверени извори кои даваат точни информации и статистики. Не е страшно да се чита и следи, страшно е кога тоа ни го окупира секојдневието и насоченоста на мислата, па стануваме и изолирани дури и од оние со кои сме заедно во социјална излолација. На овој фронт треба да се бориме со сопствената самосвест и самоконтрола.

3. Пред извесно време напишавте дека токму во изолација сфаќаме што е најважно за нас здравјето, слободата, семејството. Сметате ли дека оваа ситуација можеби е најдобра лекција за учење на вистинските вредности во животот?

Б.С.– Животот нема сите да не научи на истата лекција, туку секој од нас ќе има сопствен увид за личните вредности и потреби. Во едно само сум сигурна дека сите ние веќе го забележуваме, а тоа е дека солидарноста како колективна вредност повторно почнува да се издигнува.

4. Ќе влијае ли ограничувањето на движење врз браковите? Поголемиот дел од денот партнерите се заедно во својот дом, на социјалните мрежи може да прочитаме шеги за бракот, односно дека после целата ситуација од премногу седење дома ќе дојде до многу разводи? Што би препорачале како да го минуваат времето заедно партнерите?

Б.С.– Односите кои имаат изградено силна основа ограничувањето нема да донесе до големи промени, туку напротив, можеби до зајакнување на односот и уживање во времето поминато во заедништво. Од друга страна во односите каде што веќе постоеле одредени конфликти и недоразбирања, постои можност истите да излезат на површина или да се засилат. Препорачувам важните одлуки поврзани со бракот да не се носат додека трае изолацијата. На изложеноста на стресот сите различно реагираме па затоа најдобро е прво да имаме сопствен увид, а потоа разбирање врз емоциите и потребите на партнерот. Јас не можам да препорачам како партнерите да го поминат времето заедно, тоа би било многу манипулативно и пристрасно од моја страна. Можам само да препорачам да се вратат на активностите во кои и двајцата уживаат да ги прават заедно, а за кои претходно немале доволно време, но притоа да ја имаат во предвид и потребата за личен простор и време кај секој од нив.

5. Влијае ли ограничувањето на движење врз менталниот развој на децата со оглед на тоа дека училиштата и сите образовни институции се затворени и поголемиот дел од денот го минуваат дома?

Б.С.- Секако дека влијае, можеби не сме сеуште свесни какви се последици ќе има изолацијата и тоа не само кај децата, туку и кај возрасните. Луѓето се социјални битија и имаат потреба од друг човечки контакт. Виртуалната храна која моментално ја имаме во изобилие моментално не не нахранува.

6. Треба ли децата да бидат настрана од сите информации поврзани со коронавирусот или сепак треба да бидат запознаени со ситуацијата во земјава?

Б.С.-Децата треба да бидат информирани но секако соодветно на нивната возраст. Најважно е да бидат информирани и да им се пренесе важноста од мерките на претпазливост и заштина на себе и на другите.

7. Ситуацијата со коронавирусот во земјата влијае и врз секојдневните навики на луѓето. Совети од вас како да го искористат времето кое го поминуваат дома?

Б.С.– Убаво кажавте, влијае на секојдневните навики, а навиката најлесно се менува. Ако ја погледнеме од друга перспектива целокупната ситуација, моментално имаме време кое ние имаме можност да го моделираме како што сакаме. Повеќето луѓе работат од дома, па и не е дека имаме премногу време на кое немаме што да му правиме. Сепак,тоа време кое ни преостанува, можеме да го насочиме како што сакаме. Фзичка активност дома, готвење, читање, друштвена активност- изборот е голем. Се зависи и од претходните навики на семејството (или индивиидуата).

(Интервју со Бојана Стојменовиќ – психолог)

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Мислам дека ова е вештачки продолжен прв бран ( со престроги мерки). Всушност вакви бројки требаше да се има/очекува на почеокот на пандемијата, во најголемиот број на државите првиот бран со правилна амплитуда на зголемување, постигнување врв и спуштање на бројот на позитивни и заболени траеше 2,5 до 3 месеци.

ВЕЛО МАРКОВСКИ ЗА МАГАЗИН: Се соочуваме со вештачки продолжен прв бран- вакви бројки требаше да има на почеток на пандемијата!

На почетокот мерките беа соодветни, и слични како во најголемиот број на земји околу...

Во разговорот Милошоски открива кои се плановите на неговата матична партија и вели дека не ја исклучува можноста за  да се најде како член на владата, доколку ВМРО- ДПМНЕ победи и формира Влада.

Антонио Милошоски за Магазин: Министрите Димитров и Османи се виновни за фијаското во Брисел!

Пратеникот од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи на...

Тој посочи дека овој пат во фокусот на Фчерашни ќе биде корупцијата и ќе се третираат сите проблеми во секојдневното живеење, но сепак најмногу ќе се разобличува корупцијата, како „рана што одамна ни се гледа“.

Огњановски: Овој пат нема да штедиме никого, корупцијата ќе биде во фокусот на Фчерашни

Во интервју за МИА, главниот и одговорен уредник на емисијата Фчерашни новости, Бранко...

Европската Унија не му пристапи на проблемот од аспект на рационалност и праведност, туку се држеше на страната на својата членка Грција, која ја блокираше Македонија

Еклузивно со Маријана Претир: Македонците се силен, самоуверен и горд народ и никој неможе да ги уништи!

Преспанскиот договор е наметнат со странски пристисок, а предвидува комплетно редефинирање...