Денес, на 27 Декември 2019, замислете, се прославува седумдесет годишнината од настан кој се случил на 2 Мај 1949 година!

Објавил: admin@magazin | 28 декември, 2019 0:27

БОЈАЏИ НЕМИЛОСРДЕН: Бруки и срамоти едни, мојот роден град Струмица е окупиран од неофашисти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Режисерот Јани Бојаџи објави на социјалните мрежи дека локалната власт во Струмица ја фалсификува историјата и не ги почитува најголемите струмички легенди.

“Драги мои, вечерва, мојот роден град Струмица е претворен во куклен театар во кој се одигрува последната претстава на ова бедна трупа составена од некадарници, недоветници и безрбетници!

Денес, на 27 Декември 2019, замислете, се прославува седумдесет годишнината од настан кој се случил на 2 Мај 1949 година!
Бруко и мизеријо од недоносени јункери што не ве бидува ниту омразата и зависта кон сите оние што го создавале славното минато на овој град и овој народ да го замаскирате и покриете со вашите самозамислени кариери на изнудени уметничари и интелектуатичари!

Драги мои, ова е круна на фалсификувањето на минатото и традициите на Струмица кое пред 13 години го започна тогашниот градоначалник а сега премиер Зоран Заев.

О бандо на некадарници потонати во заблуда дека фалсикувајќи ја сегашноста ќе го фалсификувате минатото и иднината!
О вие арамолепци на духот потонати во бесознание на фактот дека самите сте фалсификат на едно време кое се имитира себе самото креирајќи пофалба на сопствениот духовен измет!

Драги мои, денес, мојот роден град е окупиран од неофашисти кои пред 3 години во концентрационите логори на квазидемократијата го затворија умот, а сега во гасните комори на уметноста го убиваат разумот.

Во овој момент во Струмица власта ја фалсификува сегашноста!
Вечерва, на прославата на седумдесетгодишнината од основањето на Народниот Театар “Антон Панов“ не се поканети и нема да присуствуваат бардовите Академик Митко Маџунков, режисерот Бранко Ставрев и наследниците на синонимот на струмичкиот театар Мите Грозданов!

Тогаш, тој, фестивалот на камерен театар крстен по името на легендарниот Ристо Шишков го девалвира со тоа што играњето во чест и слава на патротонот со единствена награда за високо актерско достигнување наречена “Ристо Шишков“ ја претвори во смотра на самоизмислената иницијатива НЕТА основана од црвената буржуазија која, за да биде уште поодвратно, брутално го уби Ристо Шишков а подоцна и го уништи славното актерско семејство Шишкови!

Вечерва, Струмица е окупирана од безначајноста на едноклеточни организми кај кои има потполно отсуство на личност, морал и етика!

Вечерва Струмица е колонија на мекотели кои се лигаваат на креациите и достигнувањата на стотици струмичани кои себе си се запишале како достојни творци и уметници!
Денес во Струмица, театарот е претворен во баханалија на шарени маски кои ги прогонуваат сите оние што не се согласуваат со бедата на нивниот дух!
Ова вечер, ова власт ја посипува Струмица со пепелта на изгорените страници на историјата од која, убеден сум, наскоро ќе се крене феникс и духот на слободата кои овие момоци на примитивизмот не го уништиле ниту во Април 1941 година!

Смрт на простотијата – Слобода за уметноста”, пишува Јани Бојаџи.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...