Не ми влегува во глава дека уредник на национална телевизија побара „бришење“ од државјанство со одземање на право на глас на други граѓани со кои таа не споделува, замислете, мислење во врска со музика!

Објавил: admin@magazin | 19 мај, 2019 17:06

БОЈАЏИ: Оној настан од синоќа, сите се сложуваме беше „само една обична парада на кичот!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

„Боже Господе, колку се мразиме? Не ми се верува до кај сме стасале, а не сме уште ниту на пола пат! Како ќе се живее вака“ – праша Прличев пред сто и повеќе години!

Денес, се прашувам и јас? Како, кога разликите меѓу нас се огромни и непомирливи. Океани „мирно пловат“ меѓу нас, Драги мои! Да не се лажеме, овие денови од тие најдлабоки и студени води испливаа сите наши гревови и гневови!

Не ми влегува во глава дека уредник на национална телевизија побара „бришење“ од државјанство со одземање на право на глас на други граѓани со кои таа не споделува, замислете, мислење во врска со музика! Не сакам да бидам во право за ништо, ама пред една година реков дека ќе стасаме до тука: да побараат да се забрани и избрка од Македонија се што тие сметаат дека е спротивно на нив и нивните критериуми – музички, уметнички, културни, верски, политички, социјални и национални!

Така почнало во 1933 година во Германија! И тогаш тоа се правело во име на правото на посилниот – дадено од правото дека е власт да определува кој, што, како и кого ќе поддржува во „нивната земја“! На кој не му се допаѓа и не сака да го прифати тоа, тие предлагаат сега, како и тогаш: бришење и прогон! Демократски и во име на новите вредности. И тогаш, тоа во светот се именувало како „либерализам“ и „демократија“ и било поддржано речиси од цела Европа!

Како се нарекувало десетина години подоцна и како завршила таа пизма, сите знаеме. И сега пак така ќе заврши. Само треба да се преживее тој мајски ден! И да се раскаже.

Мора некој да остане за да посведочи за сето ова што денес се случува, а утре ќе биде уште полошо а … можеби и покрваво! Оти оној настан од синоќа, сите се сложуваме беше „само една обична парада на кичот“!

Ама се што почнува со кич драги мои, завршува со крв! Така запиша Љубиша Георгиевски и беше во право. До овој момент, речиси за се!
И ете го онаа девојче од фотографијата кое збунето стои и гледа во метли со кои треба да суреди куќа која има длабоко поткопани темели, од четири потпорни ѕида – три урнати до крај а четвртиот се клати, покривот е сосема разрушен а ќерамадите разлетани на сите страни на светот!

„А од далеку се слушаат ветришча, бури и виулици“ – како што кажа поетот на почетокот од оваа прашување.“
Јани Бојаџи на ФБ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...