По двата направени PCR-теста од денес сум позитивен на Ковид-19.

Објавил: Владо Марин | 25 октомври, 2020 16:12

Бојко Борисов заразен од корона!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, објави дека е заразен со вирусот корона.

Тој на својот фејсбук профил напиша:

Иако РЗИ официјално го укина мојот карантин, јас во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови.

По двата направени PCR-теста од денес сум позитивен на Ковид-19.

Во принцип, имам општа слабост и лошо се чуствувам, во моментот, и по совет на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ.

Борисов три дена по ред имаше негативен тест на коронавирус.

Тој и уште три министри од неговата влада отидоа во самоизолација, откако биле во контакт со заменик министерот на градежништво Николај Нанков, кој беше позитивен на коронавирусот.

Борисов во петокот замина во изолација, откако е информиран дека заменик министерот Нанков, со кој бил во контакт пред пет дена, е позитивен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.