Бранко Героски објави дека добивал закани од власта

Објавил: Узунов Бобан | 17 јуни, 2019 7:38

Бранко Героски добива закани од власта, еве тој што им одговори

Фото/Текст извор: ©магазин

“Марш бре, таму, лицемери едни!!!” е одговорот на новинарот Бранко Героски по упатените закани против него како што тој пишува од пријатели и познаници испратени од власта. Героски во својот фејсбук пост признава дека си дал оставка од Слободен печат под силен притисок.   

Дали признанието на Бранко Героски дека дал оставка од главен уредник во Слободен печат под притисок не е доволен сигнал за надлежните органи да покренат случај, а за ова во секој случај треба да реагира и меѓуародната заедница која ја мери медиумската слобода во Македонија. ?

МОЈОТ ОДГОВОР НА ОПОМЕНИТЕ И НА ЗАКАНИТЕ

Во инбокс, во лични пораки што ми ги пренесуваат пријатели и познаници и на разни други начини, ми стасуваат опомени и закани. 
Премногу сум ја критикувал власта. Сум претерал. Та нели сме биле наши…
Па еве, да одговорам јавно, како што имам обичај.
Марш бре, таму, лицемери едни!!!
Под силен притисок, дадов оставка од позицијата главен уредник и целосно се повлеков од „Слободен печат“. Никого не навредив, никого не повредив, самиот ја проголтав горчината на едно предавство. Како отров.
Го оставив весникот, чедото што се роди во мојата глава и во моето срце…
Што кур сакате сега, абдали едни?! Сакате два пати да ви поднесам оставка?
Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате!
Нема да ме замолчите!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести