Продолжува случајот со обвинителот Гаврил Бубевски

Објавил: Узунов Бобан | 29 март, 2019 8:17

Бранко Героски со повик до Антикорупциска: Проверете го случајот со обвинителот Гаврил Бубевски

Фото/Текст извор: ©магазин

Новинарот Бранко Героски пред неколку дена на својот фејсбук профил објави документ-Препорака издаден од ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево од 19.06.2009 година архивиран под бр. 08/09 во кој ОК ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево препорачува Гаврил Киро Бубевски да биде избран за јавен обвинител во Скопје. 

После вчерашната објава на Магазин и повикот за постапување на Антикорупциска комисија, во јавноста по ваквите тврдења се изјасни и обвинителот Гаврил Бубевски кој истакна дека бил избран за јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје од страна на Советот на јавни обвинители, како кандидат за обвинител кој доаѓа од Академијата за судии и јавни обвинители.

Според Бубевски во Академијата постоела ранг листа врз основа на успехот и бодовите добиени во текот на обуката и според таа ранг листа бил избран на место кое му овозможувало  да биде избран за обвинител на тој јавен оглас. 

Фејсбук статус на Бранко Героски со повик до Антикорупциска комисија да испита дали имало случај на непотизам и партиско влијание при изборот на Бубевски

Новинарот Бранко Героски повторно на фејсбук вчера го актуелизираше “случајот Бубевски” објавувајќи информација дека мајката на обвинителот Гаврил Бубевски, Данка, до пред три години била претседател на Основниот суд во Берово и ја повикува Антикорупциска комисија да испита дали при именувањето на Гаврил Бубевски за јавен обвинител во Скопје дали имало случај на непотизам и партиско влијание. При тоа Героски истакнува дека обвинителот Гаврил Бубевски не негирал дека имал партиска препорака за да стане обвинител во Скопје. На потег е Антикорупциска комисија.


ДАМИ И ГОСПОДО АНТИКОРУПЦИОНЕРИ, ПОВЕЛЕТЕ ДОПРЕН ГЛАС

Ова е информација за бекграундот на Гаврил Бубевски, обвинител во СЈО, кој во 2009 година добил писмена препорака од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Пехчево да стане “обвинител во Скопје”. Тој тоа не го негира.

Ова е информација дека мајката на Бубевски, Данка, била претседателка на Основниот суд во Берово. Според мои ибформации, така било до пред три години.

Извор на оваа информација е порталот Призма. Респектибилен и наградуван за дострели во истражувачкото новинарство.

Сметам дека се создадени услови Државната комисија за спречување на корупцијата да испита дали во овој случај има непотизам и партиско влијание. (фејсбук статус на Бранко Героски)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.