Тие вчера правеа мекици во ресторан во Скопје. Се славеше со музика и најблиските пријатели. Внукот ќе го носи името Бранко по неговиот дедо, ни кажаа за „Репортер“, а ова е прв внук за поранешниот претседател

Објавил: Мате Парлоф | 15 ноември, 2022 16:21

Бранко Црвенковски стана дедо, со мекици и музика се славеше за внукот Бранко

Фото/Текст извор: ©reporter.mk

Поранешниот претседател, премиер и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски стана дедо. Неговиот син Љупчо викендов доби син, кој го доби името Бранко.

Тие вчера правеа мекици во ресторан во Скопје. Се славеше со музика и најблиските пријатели.

Внукот ќе го носи името Бранко по неговиот дедо, ни кажаа за „Репортер“, а ова е прв внук за поранешниот претседател.

На мекиците се шегувале, но и нивните блиски велеле: „Се роди нов Бранко Црвенковски“.

Бранко Црвенковски и неговата сопруга Јасна ги имаат синот Љупчо и ќерката Марија. 

Синот Љупчо е оженет со ќерката на поранешниот директор на Комерцијална банка Скопје, Драгољуб Арсовски кој, беше и министер за внатрешни работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.