Обединетите нации за виновен го сметаат режимот на Асад, иако постои еден факт, Европа ја чека нова бегалска криза

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 7:55

“Бран”од 800.000 бегалци ќе тргне од Сирија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Офанизвата на сирискиот режим во покраината Идлиб во северозападна Сирија може да натера на бегство дури 800.000 цивили, кои веќе живеат во бедни услови, предупреди денеска ОН.

Последното големо упориште во Сирија, покраината која се наоѓа на турската граница, е на мета на власта на Башар ал- Асад и неговиот руски сојузник.

– Во случај на ескалација во оваа област, стравуваме дека можеби ќе бидат раселени околу 800.000 луѓе, предупреди во Дамаск портпаролката на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи на ОН, Линда Том.

Огромниот број на луѓе кои имаат потреба од хуманитарна помош би можел драстично да се зголеми, додаде таа.

Официјалната претставничка на ОН го истакна „големиот опсег на хуманитарна катастрофа што можела да се случи во областа Идлиб”. Околу три милиони жители живеат во Идлиб и во отцепените делови во соседните провинции Хама, Алепо и Латакија.

Речиси половина се раселени лица, од кои некои од насилството избегаа во други места во Сирија, во која од 2011 година во војната загинаа повеќе од 350.000 луѓе. Два милиони луѓе се сметаат за ранливи категории на лица на кои им е потребна хуманитарна помош.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.