Братот од Ел Чека пред неколку дена беше и на чело на протестот на ДУИ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 јуни, 2019 12:44

БРАТОТ НА ЕЛ ЧЕКА ПРИВЕДЕН ВО ПОЛИЦИЈА!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Братот на Ел Чека, Блерим Ахемети, кој преку социјалните мрежи објавуваше прислушкувани разговори на високи функционери на ДУИ, денеска е уапсен.

Блерим Ахмети, братот од Ел Чека пред неколку дена беше и  предводник на протестот на ДУИ, пред седиштето во Мала Речица. Како што известуваат медиумите, тој денеска е уапсен од страна на полицијата. Се уште нема детални информации за приведувањето.

Познато е дека 28-годишникот е обвинет за три кривични дела – напад врз полициски службеник во 2011 година, учество во насилни судири во 2009 година и нанесување тешка телесна повреда во 2008.

И Ел Чека доби обвинение од ОЈО за Неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавното обвинителство укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што „ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана“.

За 8 јули кичевскиот суд го закажа  почетокот на судењето за 28 годишниот Шекерим Ахмеди со псевдоним „Ел Чека“ кој од Чикаго преку фејсбук ги објавуваше бомбите, за кои беа замешани високи функционери од ДУИ.

Откако обвинителството подигна обвинение, судијката кај која се паднал предметот го одредила датумот за првото рочиште, но до тогаш е неизвесно дали „Ел Чека“ ќе дојде во Кичево или ќе му се суди во отсуство?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.