Од Охридскиот суд потенцираат дека станува збор за тековен случај и дека законските рокови ќе бидат испочитувани.

Објавил: Владо Марин | 28 август, 2020 6:55

БРАЌАТА УСЕИНИ НУДАТ 10 ИЛЈАДИ ЕВРА КАКО ГАРАНЦИЈА ЗА ДА ИМ СЕ УКИНЕ МЕРКАТА ПРИТВОР

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Охридскиот советник и бизнисмен, Нефи Усеини и неговиот брат понудиле по 10 илјади евра во кеш како гаранција за да излезат од притвор во охридскиот затвор, откако вчера самите се пријавија по неколку дена бегство.

Браќата се осомничени за кривични дела насилство и неовластено држење оружје или распрскувачки материјали.

Од Охридскиот суд потенцираат дека станува збор за тековен случај и дека законските рокови ќе бидат испочитувани.

Браќата Усеини се во притвор од вчера кога сами и се предадоа на полицијата после шестдневно бегство. Тие се товарат за насилство врз охриѓанецот Спирко Топаловски.

Бизнисменот и актуелен советник Нефи Усеини и неговиот брат Ибро, сами се пријавиле за издржување на мерката притвор во траење од 8 дена, јави Охридњуз.

Мерката ја одреди Судот по барање на обвинителството!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.