„Јас сум бремена и не знам што ќе се случи сега. Сè уште не можам да зборувам за тоа“, рече девојката на Даниел Ругани, а потоа додаде:

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 март, 2020 19:21

БРЕМЕНА СУМ И ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС- Вистински пекол за фудбалерот на Јувентус и неговата девојка!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Девојката на фудбалерот на Јувентус, кој прв се зарази со вирусот корона, убавата Микела Периско се огласи на социјалните мрежи со информација дека е позитивна на КОВИД-19, и што ја направи драмата уште поголема, таа е бремена!

За среќа, Ругани се чувствува добро објави на социјалните мрежи и ги замоли сите да бидат внимателни.

„Јас сум бремена и не знам што ќе се случи сега. Сè уште не можам да зборувам за тоа“, рече девојката на Даниел Ругани, а потоа додаде:

“Се надевам дека вирусот нема да влијае на бременоста. Лекарите ме уверуваат дека нема да има проблем. Сепак, мојот страв е бесконечен”, изјави Микела за италијанските медиуми.

„Се подготвувавме да им соопштиме на сите дека сум бремена. Требаше да биде момент исполнет со среќа, но животот нè изневери.

За потсетување, во моментов Италија е најпогодена од коронавирусот и е прогласена вонредна состојба во оваа земја, а првиот сериозен спортски случај поврзан со вирусот дојде од Јувентус кога Даниел Ругани се тестираше и резултатите покажаа дека е позитивен на КОВИД-19 и потоа беше пуштен во изолација.

Ругани има одиграно само седум натпревари за Јувентус оваа сезона, и не беше искористен како замена за победата на Интер во последниот натпревар во Серија А (2-0) одигран пред празните трибини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.