Педесет и девет годишната пејачка заедносо својот син  Виктор во една прилика први скокнаа во помош на соседите, кога мислеле дека во домот им влегуваат крадци.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 декември, 2019 15:22

„Брена со нож ни додје дома!“- соседите на пејачката го откриваат нејзиното вистинско лице!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата балканската ѕвезда Лепа Брена која е миленичка на женската но и машката публика, изгледа е навикната на тој статус бидејќи како што велат нејзините соседи таа е омилена во соседството и нема кој не ја сака и почитува поради нејзината добрина.

Педесет и девет годишната пејачка заедносо својот син  Виктор во една прилика први скокнаа во помош на соседите, кога мислеле дека во домот им влегуваат крадци.

Фахрета Живојиновиќ  е позната под името „Лепа Брена“. Таа е југословенска фолк и поп пејачка, и естраден менаџер и сопруга на тенисерот Слободан Боба Живојиновиќ.

Соседите презадовлни од Брена велат дека таа е нормална и природна жена која сака да помага а воедно е омилена во населбата во Белград каде што живее со своето семејство.

Имаме сјаен однос со Брена. Често доаѓа кај нас на кафе, разговараме, се смееме. Нормална и природна жена. Добра е, се гледа дека не сака сите. Идеме и ние кај неа на слави, прослави, родендени. Си помагаме. Инаку еднаш кај нас се активираше алармот, а таа и Виктор веднаш пристигнале со нож во нашиот двор. Мислеле дека некој сака да ни ја обие куќата. Супер се навистина, вели за „Курир.рс“ првата сосетка на семејството.

За оние кои не знаат вистинското име на пејачката е Фахрета Живојиновиќ , родена Јахиќ; изворно. Таа е родена во Тузла, на 20 октомври 1960 во Босна и Херцеговина а во јавноста е позната под името „Лепа Брена“ . Брена е југословенска фолк и поп пејачка, и естраден менаџер. Таа е сопруга на тенисерот Слободан Боба Живојиновиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.