Овие плочки од сусам во комбинација со мед се превкусни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 март, 2019 23:27

Брз и едноставен рецепт: Плочки со сусам и мед

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Сусамот е суптропско растение кои изобилува со железо,калциум, манган, бакар, магнезиум и селен.

Сусамот содржи и бројни витамини а најзастапен е витаминот Е, кој е моќен антиоксиданс, витамин Б1, фолна киселина, пиридоксин Б6, ниацин и рибофлавин. Сусамот самиот себе има многу благодети а помага против воспаленија и болки од ревматоиден артритис, како и при напади на астма. Па бидејќи здравствените придобивки од сусамот се многубројни се препорачува да го конзумирате секојдневно. Ние ви нудиме едноставен рецепт за десерт кој е здрав но и брзо се приготвува.

Овие плочки од сусам во комбинација со мед се превкусни.

Потребни ви се следните состојки:

-150гр. шеќер

-60гр. мед

-15мл. вода

-25 гр. путер

-1/2 лажиче печиво

-1 лажиче екстрат ванила

-140гр. сусам

-1/8 лажиче сол

Постапката е следна:

На тивок оган најпрво треба да се растопат медот и шеќерот а потоа, се додава вода, сол, печиво и сусамот.Мешајте постојано околу 10 минути додека не добиете карамел боја. Додека го чекате медот и шеќерот да се растопат веќе ги подготвувате путерот и ванилата, кои потоа се додаваат во смесата со сусам. Во тепсија ставете хартија за печење и ставете ја смесата после ставете уште еден слој од хартијата и започнете со мазнење. Откако ќе се олади смесата започнете со сечење на формите.

Наздравје!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.