Британската премиерка, Тереза Меј, изгуби витални 80 пратеници на сопствената конзервативна партија, кои и откажаа поддрша за реализација на Брегзит

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 12:20

Британија можеби никогаш нема да го реализира Брегзит

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Конзервативната партија на британската премиерка Тереза ​​Меј се соочува со „катастрофална поделба“ во врска со планот на Меј за излез од Европската унија, изјави поранешниот заменик министер за Брегзит Стив Бејкер.

Според него, околу 80 пратеници од Конзервативната партија ќе гласаат против предлозите на Меј, познати како планот од Чекерс.

Стив Бејкер во јули поднесе оставка од фунцкијата заменик министер за Брегзит, изразувајќи незадоволство од визијата на Меј за излезот на Велика Британија од Унијата. Тој истакна дека не сака смена на лидерката на Конзервативната партија, но предупреди дека Меј би можела да се соочи со сериозен проблем на партиската конференција која ќе се одржи од 30 септември до 3 октомври.

Бејкер смета дека Меј треба да се бори за договор за слободна трговија, под условите што претходно во март ги зацрта претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март, но условите за нејзин излез се уште не се јасни поради недостигот на сеопфатен договор за Брегзит.

И Лондон и Брисел велат дека сакаат договорот да биде готов до 18 октомври или најдоцна до крајот на годината.

Евентуален договор меѓу ЕУ и Велика Британија треба да биде одобрен од британскиот Парламент, кој на 20 декември оди на колективен божиќен одмор, и ќе продолжи да работи на 7 јануари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.