Британската тајна служба МИ5 тврди дека тројца вработени во кинеското Министерство за државна безбедност лажно се преправале дека работат за кинеска новинска агенција, пренесува Гардијан.

Објавил: Перо Милчин | 5 февруари, 2021 16:54

БРИТАНИЈА ПРОТЕРА ТРИ КИНЕСКИ НОВИНАРИ: Mi5 тврди дека се шпиони

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британија протера тројца кинески државјани осомничени за шпионажа кои се претставувале како новинари.

Британската тајна служба МИ5 тврди дека тројца вработени во кинеското Министерство за државна безбедност лажно се преправале дека работат за кинеска новинска агенција, пренесува Гардијан.

Како што се наведува, кинезите биле протерани без помпа и со цел да не се создаде дипломатски скандал.

Гардијан пишува дека новинарските легитимации многу често се користат за време на шпионажа и дека тоа е методот што обично го користи Пекинг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.