Британскиот министер за здравство смета дека од соопштенија за јавноста во врска со корона вирусот не може да произлезе ништо друго освен страв и паника.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 5 март, 2020 10:21

БРИТАНИЈА ЈА ИСКЛУЧУВА ЈАВНОСТА од информации поврзани со корона вирусот

Фото/Текст извор: ©магазин

Корона вирусот стана реалност на целиот свет и најкоментирана светска тема. Откако од Кина, корона вирусот се прошири кон Европа, а потем и на другите подрачја низ светот, на глобално ниво се создаде паника од корона вирусот.

Регионалниот директор за Европа при СЗО, Ханс Клуге потврди дека досега на територијата на Европа се регистрирани вкупно 3365 случаи на заразени со корона вирусот. Секоја од земјите во која се регистрирани случаи на корона вирус, преземе мерки за контрола и превенција согласно препораките на СЗО.

Јавноста во Британија е фрапирана од изјавата на министерот 

Сепак, Британија има специфичен начин на справување со корона вирусот. Имено, британскиот министер за здравство, Едвард Аргар најавил дека соопштенијата за регистирани нови случаи со корона вирусот или нивно локализирање ќе бидат поретко презентирани пред јавноста. Таа изјава британската јавност ја протолкува како обид на британските власти, јавноста да се исклучи од процесот на следење на состојбата со корона вирусот поради спречување на паники од епидемија. Исто така британската јавност смета дека тој потег е сосема некоректен бидејќи им го одзема правото на граѓаните да бидат информирани во врска со тема која е од јавен интерес.

Британскиот министер за здравство смета дека соопштенијата за јавноста во врска со состојбите со корона вирусот не може да донесат ништо добро

Едвард Аргар – министер за здравство на Велика Британија

Аргументите на британските власти, се дека, тие успешно се справуваат со локализирање на корона вирусот и дека доколку е потребно да се интервенира или да се направат тестови и испитувања во одредени подрачја, тогаш тие ќе бидат благовремено направени. Секојдневното следење на состојбите со корона вирусот според британските власти, значи дека темата се држи во фокусот на јавности и со тоа се придава огромна важност и се шири паника. Паниката помеѓу населението не може да донесе ништо добро или продуктивно, напротив може да ја намали довербата и соработката со надлежните институции, па поради тоа протокот на информациите исто така би требало да се држи под контрола.

Соопштенија за јавност од страна на надлежните во Македонија и односот на јавноста кон нив

Недоверба и сомнеж во надлежните институции пројавија и граѓаните на Македонија поради шпекулациите во јавноста дека има повеќе заболени од корона вирусот. Засега Министерство за Здравство потврди само еден случај на заболен од корона вирусот во Македонија, а во јавноста се појавија неофицијални информации кои се спротивни на соопштението на Министерството за Здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...