По ова текстот на потпишаниот договор за Брегзит на 29 јануари ќе биде поднесен и во Европскиот парламент на ратификување.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јануари, 2020 11:44

Британија ја напушта Европската Унија- потпишан договорот за Брегзит

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, двајцата највисоки ЕУ претставници, претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, го потпишаа договорот за разводот на Велика Британија од Унијата.

„Шарл Мишел и јас тукушто го потпишавме Договорот за повлекувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, што го отвара патот за негово ратификување од Европскиот парламент”, напиша на Твитер шефицата на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

„Брегзит“ е кратенка кој се однесува на повлекувањето на Велика Британија од Европска унија. Се работи за адаптација на терминот „грегзит“ – можниот грчки излез од еврозоната.

Мишел пак напиша: „Нештата неизбежно ќе се сменат, но нашето пријателство ќе остане. Почнуваме ново поглавје како  партнери и сојузници.”

По ова текстот на потпишаниот договор за Брегзит на 29 јануари ќе биде поднесен и во Европскиот парламент на ратификување.

Вчера кралицата Елизабета Втора го потпиша предлог законот за излез на Велика Британија од ЕУ, кој е подготвен од Владата на премиерот Борис Џонсон, со што тој доби статус на закон, па според тоа Велика Британија ќе ја напушти ЕУ во 23 часот на 31 јануари а потоа започнува преоден период, во кој Брисел и Лондон ќе ги договорат идните трговски односи. 

Вчера Британскиот Парламент  го усвои предлог законот за условите по Брегзит.

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.