Според досегашниот развој на состојбите, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор на 12 април, на полноќ, порачуваат од Европската комисија.
Во Брисел повторуваат дека ЕУ жали за одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата, но ја почитува. Се додава дека „брегзит“ никогаш не бил избор на ЕУ, ниту пак, „брегзит“ без договор е сценарио што го поддржува Унијата.
„Според моменталната состојба, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор на 12 април на полноќ, на премин кон 13 април. Општото влијание на сценариото „без договор“ не може да се ублажи, но подготовките во државите членки продолжуваат за да бидат подготвени за таквото сценарио“, се наведува во соопштението од Комисијата.
Според таквото сценарио, од моментот на напуштање на Унијата, веднаш ќе стапат во сила мерките за царинска контрола и наплата на ДДВ за производите коишто доаѓаат од Велика Британија. Истовремено, ќе се воведат и нови царински обрасци за компаниите коишто тргуваат со Обединетото Кралство, информираше комесарот за економски и финансиски прашања на ЕУ, Пјер Московици.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.