Маргарет Кинан ја прими својата втора вакцина во Универзитетската болница во Ковентри, три недели по првата вакцина.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 декември, 2020 11:01

Британката која прва ја доби вакцината на Фајзер прими ВТОРА ДОЗА: Од болницата велат дека се среќни што добро закрепнува

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Првата личност во светот што ја прими вакцината Фајзер против КОВИД-19 ја доби и втората доза.

Маргарет Кинан ја прими својата втора вакцина во Универзитетската болница во Ковентри, три недели по првата вакцина.

Извршниот директор на болницата Енди Харди изјави дека болницата е „воодушевена“ што можат повторно да ја пречекаат, пишува Би-Би-Си.

Старата жена од Велика Британија ја прими својата прва вакцина на 8 декември, една недела пред да го прослави 91 роденден. Таа го опиша како најдобар подарок за роденденот.

Пациентот добро се опоравува по втората доза, соопштија од болницата.

„Нашиот вреден персонал вклучен во програмата за вакцинација од тој ден е во контакт со семејството на Маргарет и ние сме пресреќни што Маргарет продолжува да се опоравува добро дома откако беше отпуштена од болницата“, рече Харди.

Тој посочи дека е многу важно секој што е поканет да се пријави на вакцинацијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.