Тоа е ниво кое не е достигнато од 1985 година, кога фунтата падна на својот историски минимум од 1,0520 за долар.

Објавил: Весна Петровска | 24 септември, 2022 13:22

Британската фунта падна под 1,10 долар за прв пат по 37 години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фунтата не била послаба во однос на доларот во последните 37 години

Британската фунта падна под симболичната вредност од 1,10 за долар и се приближи на својот историски минимум, откако буџетските најави на Лондон ги загрижија инвеститорите за здравјето на јавните финансии во време кога Британија може веќе да е во рецесија.

Во споредба со доларот, поттикнат од американската економска издржливост и статусот на резервна валута, британската фунта падна за 2,56 отсто на 1,0972 за долар вчера околу 16 часот по средноевропско време.

Тоа е ниво кое не е достигнато од 1985 година, кога фунтата падна на својот историски минимум од 1,0520 за долар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.