Ова значи дека повеќе од два милиони луѓе низ Франција ќе мора да останат дома за време на викендот, освен во исклучителни случаи.

Објавил: Перо Милчин | 6 март, 2021 20:14

БРИТАНСКИОТ КОРОНАВИРУС ОТКРИЕН ВО СЕВЕРНА ФРАНЦИЈА: 2 милиони Французи во карантин за време на викендот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неколку стотици илјади луѓе на северот на Франција се вратени во карантин поради зголемувањето на бројот на случаи на британска варијанта на вирусот, пренесува Гардијан.

Граѓаните на одделот Пас Кале на северниот брег им се придружија на оние во регионалното пристаниште Данкирк и медитеранското одморалиште Ница, кои веќе се затворени во сабота и недела.

Ова значи дека повеќе од два милиони луѓе низ Франција ќе мора да останат дома за време на викендот, освен во исклучителни случаи.

Во Па-де-Кале се исполнети 90 проценти од болничките капацитети, така што локалните власти инсистираат на тоа дека се потребни нови ограничувања за да се спречи преоптоварување на локалните здравствени услуги.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.