Медиумите во Англија ја пренесуваат веста дека во Македонија загина "херојот" параглајдерист

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 август, 2018 10:59

Британски параглајдерист херој загина во судар во воздух во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британската ТВ мрежа BBC пишува за инцидентот во Крушево кога загинаа двајца параглајдеристи Британец и Украинец. Параглајдеристот херој загина во судар во воздух во Македонија пишува BBC. 54-годишниот Инес Пауел пред својот финален настап во Британското отворено првенство во Крушево се судрил во воздух со 56 годишниот Украинец Игор Волов.

Британскиот ионструктор од местото Тависток во Девон бил многу добро познат во јавноста со децениско искуство во натпревари во летање. Тој почина во болница додека Волов загина на самото место. На Пауел му била оддадена почест од клубот за параглајдинг каде бил тренер. Од “Wight Hang Gliding и Paragliding Club” испратија сочуство до неговото семејство.

Пауел станал херој кога ризикувајќи го сопствениот живот спасил друг параглајдерист кој се урнал врз карпа. Спасувачката акција на Пауел била снимена во 2008-мата во серијалот “Discovery Channel” под наслов “Вистински херои”.

Во петокот Пауел летал низ топла воздушна струја кога налетал на Волов. Тие успеале да се одвојат но потоа се судриле уште посилно изјавиле присутните.

Пауел не го отворил резервниот падобран и паднал на земјата. Натпреварот на завршниот ден бил прекинат по несреќата. Обвинителството во Македонија изјавило за BBC дека во истрагата побарало видео и друг материјал од системите за снимање на параглајдеристите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести