Брнс за скандалот со случајот „Рекет“, се изјасни дека ставот на САД е да има темелна, брза и транспарентна истрага. Брнс го повика премиерот Заев да побара одговорност од владините претставници.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2019 10:50

Брнс за случајот „Рекет“: Заев да побара одговорност од владините претставници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кејт Брнс, новата амбасадорка на САД во ексклузивно интервју за телевизија АлсатМ, го коментираше и случајот „Рекет“ за кој постои сомнение дека можно е да е била вклучена и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Брнс истакна дека ја поддржуваат борбата против корупцијата, но нагласи дека има уште многу работа во таа област.

Брнс за скандалот со случајот „Рекет“, се изјасни дека ставот на САД е да има темелна, брза и транспарентна истрага. Брнс го повика премиерот Заев да побара одговорност од владините претставници.

Новата амбасадорка на САД, истакна дека ја поддржуваат борбата против корупцијата, но нагласи дека има уште многу работа во таа област.

– Ова се многу сериозни тврдења, а во сите случаи каде што постојат тврдења за корупција и за злоупотреба на функцијата, ние поддржуваме темелна, брза и транспарентна истрага. Исклучително е важно, во секој случај со вакви тврдења, тие поединци да бидат повикани на одговорност, а Владата да презема дејствија. Ги уважуваме и ги поздравуваме чекорите што ги презема Владата за ставање крај на корупцијата и во борбата против неказнивоста. Но, има уште работа што може да се заврши. Ние ќе продолжиме да го поттикнуваме премиерот Заев да бара одговорност од сите владини претставници и да гарантира дека без оглед на нивото на функцијата, луѓето треба да имаат доверба во владините институции и тоа што тие можат да сторат за нив. – вели Кејт Брнс, амбасадорката на САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести