Во лулката на демократијата, демос одамна не е фактор кој одлучува за било што, исто како и во Македонија, каде народот две години е соочен со предавство од сопствената власт

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 7:24

Бројни инциденти на протестот во Солун против договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку едно лице е приведено, а неколку лица се пожалиле на проблеми со дишењето поради солзавецот за време на инцидентите на протестот во Солун против договорот од Преспа, според локалните медиуми.

Судирот меѓу демонстрантите и полицијата започна кусо пред 20 часот по локално време, а со прекини трае до полноќ .

Во лулката на демократијата, демос одамна не е фактор кој одлучува за било што, исто како и во Македонија последните две години предавство.

Според локалните медиуми, група маскирани лица ја нападнала полицијата со камења и предмети, на што специјалните полициски сили одговорија со шок бомби и солзавец. Страстите се смирија, протестот продолжи, но инцидентите се повторија неколку пати. Маскирани лица континуирано ја напаѓаа полицијата, кој одговараше до солзавец и шок бомби.

Грчките новинари коментираат дека демонстрантите не се воопшто пријателски кон новинарските екипи, а на неколку пати се обиделе да нападнат претставници на медиумите.

Додека траат инцидентите во центарот на Солун, во непосредна близина на објектот каде што се одржува Меѓународниот саем, грчкиот премиер се обраќа на присутните на свеченото отворање. Алексис Ципрас говори за пост меморандумската политика на Владата, за визијата и планот Грција одново да се издигне економски.

Претходно беше објавено дека со грчки знамиња, со пароли дека Македонија е грчка, без партиски обележја и без бина и говорници, во Солун кусо пред 19 часот по локално време започна протестот против Договорот од Преспа организиран од грчките „Панмакедонски здруженија“ и „Комитетот за борба за Македонија“.

„Предавници политичари“ и „Грција, Грција, Македонија“, се дел од слоганите што ги извикуваат насобраните граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.