Според тоа во Република Македонија во 2018-та година се родени вкупно 21.484 деца, од кои живородени се 21.333, а 151 е мртвородено, што значи дека бројот на живородените деца во 2018-та година, во споредба со минатата година, е намален за 1.9 %.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јуни, 2019 14:16

Бројот на живородени дечиња намален, најмногу бебиња се зачнуваат околу новогодишните празници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државниот завод за статистика, во Република Македонија објави резултати во однос на живородените бебиња во Македонија.

Според тоа во Република Македонија во 2018-та година се родени вкупно 21.484 деца, од кои живородени се 21.333, а 151 е мртвородено, што значи дека бројот на живородените деца во 2018-та година, во споредба со минатата година, е намален за 1.9 %.

Според објавените податоци во Македонија минатата година биле родени поголем број на машки деца, односно 52.4 %, односно на 100 живородени женски деца 110 се машки.

Намален бројот на живородени бебиња во Македонија

Според месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец септември (1973). Тоа значи дека најголем дел од бебињата се зачнати во периодот околу новогодишните празници. Втората половина на декември и првата половина на јануари.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.1 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.1 година и кај првите раѓања изнесува 27.3 години.

Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1990 година.

Во 2018-та година се регистрирани 19 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 587 или 12.1 % од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести