Бројот на загинати лица се искачи на 31, а 1.556 се повредени. Спасувачките екипи се ушште трагаат по преживеани под урнатините.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јануари, 2020 12:50

Бројот на загинати лица во катастрофалниот земјотрес се искачи на 31лице

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се уште се бројат жртвите од катастрофалниот земјотрес од 6,9 степени кој пред два дена ја зафати Турција.

Бројот на загинати лица се искачи на 31, а 1.556 се повредени. Спасувачките екипи се ушште трагаат по преживеани под урнатините.

Страотниот земјотрес се случи во близина на градот Сирвиџа, на длабочина од 6,7 километри.

Веднаш по него следуваа уште два со јачина од 5,4 и 5,1 степени. 

Бројот на жртви од земјотресот што со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала вчера ја погоди Турција се искачи на 31, бројот на повредени е 1.556 додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините.

Како што дента јавија турските медиуми најмалку четири или пет згради се урнале во Сивриџе.

Земјотресот бил почувствуван во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.

Вкупно 43 лица се спасени, вклучувајќи и една жена, 17 часа откако нејзината куќа се сруши врз неа.

Тим геодети ја проценува штетата предизвикана од земјотресот, при што првичните извештаи посочуваат дека 72 згради биле целосно оштетени.

Вчера беше објавено и трогателно видео од земјотресот, каде може да се забележи како татко за да ги спаси своите деца, легна како потпора и за жал загина во рушевините, а не се знае ниту дали децата преживеаа.

Вчера премиерот Оливер Спасовски, преку својот профил на Фејсбук изрази пидршка и солидарност со турскиот народ по катастрофалниот земјотрес кој го зафати источниот дел од Турција.

Изразуваме силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ. Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.