Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2020 16:50

БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ БЛИЗУ 200, ПОЧИНАТИ 7 ЛИЦА: Филипче вели коронавирусот ќе трае и наредната година!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во последните 24 часа се направени 1674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19.

Направените 1674 теста се преку: ИЈЗ-552, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-252, Биотек-129, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-217, Систина со PCR метода -182, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-26, ГАК-13, Синлаб-34, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 171.155 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.

 

Починати се 7 лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од:

-Скопје 19

-Дебар 2

-Штип 4

-Прилеп 13

-Тетово 2

-Струга 4

-Охрид 9

-Гостивар 9

-Гевгелија 5

-Струмица 1

Крива Паланка 1

-Радовиш 2

-Кочани 2

-Пробиштип 1

-Македонски Брод 3

-Берово 4

-Делчево 1

-Свети Николе 2

-Кичево 1

Досега во земјата се направени вкупно 171.155 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16274, бројката на оздравени пациенти е 13635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1964.

Досега во земјата се направени вкупно 171.155 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16274, бројката на оздравени пациенти е 13635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1964.

Вчера во изјаваа за Канал 5, Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, истакна дека комисијата заедно со претставници на Министерството за труд и социјална политика интензивно работеше и направија соодветни протоколи за функционирање на градинките – колку деца да има во групите, како да се запазуваат превентивните мерки. Откако многу родители реагираа на одлуката за враќање на работните места, по што министерот истакна дека таа одлука е конечна, и дека најверојатно со вирусот ќе живееме и во текот на наредната година.

„Ние ќе живееме со вирусот веројатно и цела следна 2021 година. Мора да се научиме да ги почитуваме превентивните мерки, протоколите коишто ги има за апсолутно сите економски оператори, угостителски објекти, компании, фабрики, училишта, градинки итн. Едноставно тоа ќе биде нашиот живот“, рече Филипче.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.