Во моментов има 17.757.534 активни случаи ширум светот.

Објавил: Перо Милчин | 28 ноември, 2020 12:52

БРОЈ НА КОРОНА инфекции во СВЕТОТ НАДМИНА 62 МИЛИОНИ: Бројот на заразени во Франција опаѓа

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Бројот на лица заразени со вирус во светот надмина 62 милиони, а последните милиони се заразени за помалку од два дена.

Според Worldometers, бројот на заразени со вирусот корона во светот од почетокот на пандемијата е 62.004.949, 1.449.308 луѓе починале како резултат на инфекцијата, додека 42.798.107 пациенти се опоравиле.

Во моментов има 17.757.534 активни случаи ширум светот.

Земјата што води во бројот на заразени сè уште се Соединетите држави со 13.454.346 случаи, пред Индија со 9.351.224 и Бразил, каде што од почетокот на пандемијата се разболеле 6.238.350 лица.

Европска земја со најголем број на заразени е Русија со потврдени 2.215.533 случаи на коронавирус, по што следува Франција, каде од почетокот на пандемијата се заразени 2.196.119 лица.

ГЕРМАНИЈА

Во Германија денес се потврдени 21.695 нови случаи на коронавирус, а починаа 379 лица, објави Институтот Роберт Кох.

Вкупно 1.028.089 лица се заразени во земјата од почетокот на епидемијата, а починале 15.965 лица, пренесува Ројтерс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.