Според Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, четворица од убиените: Славковски, Наќевски, Ацковски и Трпковски, на возраст од 18 до 21 година, отишле да ловат риба на Смилковското Езеро со автомобил околу 15 часот на 12 април 2012, за време на православниот христијански празник Велики четврток.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 февруари, 2020 0:44

БРУКИ НЕВИДЕНИ: Заев мува не го лази- Обвинетите од Монструм насмеани си правеа селфи со Заев во заднината

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинетите Хаки Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ си направија весело селфи пред Кривичниот суд додека екс премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев даваше изјава за медиумите веднаш по сведочењето во случајот Монструм.

Вчера околу 11 часот Заев влезе во судницата во новиот Основен кривичен суд, како сведок во случајот Монструм и 2 ипол часа одговараше на сите прашања за петкратните убиства.

Веднаш по сведочењето, екс премиерот Заев одговараше на прашања од новинарите, а лево од него стоеја тројцата обвинети, кои со насмевка и весели излегоа од Кривичниот суд.

Обвинетиот Хаки Азири го крена мобилниот телефон и свртен со грб кон Заев и кон новинарските екипи, си направи селфи со другите двајца обвинети, наместени за во заднината да се гледа Заев.

Автомобил „Опел Омега“, пронајден 10 км од езерото, за кој е потврдено дека бил на местото на убиствата.

На 12 април 2012, е извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје.

Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.

Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

Според Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, четворица од убиените: Славковски, Наќевски, Ацковски и Трпковски, на возраст од 18 до 21 година, отишле да ловат риба на Смилковското Езеро со автомобил околу 15 часот на 12 април 2012, за време на православниот христијански празник Велики четврток.

Нивните тела биле откриени облиени со крв вечерта во 22:30 часот од други рибари кои веднаш ја повикале полицијата.

На истото место, но подалеку од четирите тела, било пронајдено телото и автомобилот на Борче Стефковски (45), кој исто така ловел риба. За него се претпоставува дека бил убиен подоцна. Увидот на местото на настанот траел преку целата ноќ, сè до до пладне на 13 април 2012 кога телата биле предадени на судските вештаци за обдукција, а автомобилите и чаурите биле подигнати од вештаците на крим-техника.

За настанот бил формиран оперативен штаб кој ја раководел операцијата, а голем број на полицајци и инспектори биле на терен за собирање на информации околу евентуалниот идентитет на убијците и мотивот. Во тој момент, во интерес на истрагата, министерството се воздржало од давање други дополнителни информации.

12.04.2012, Велики четврток, Смилковско езеро. На овој ден, пред точно 8 години свирепо беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацевски (18) и Кире Тричковски (20) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.

Автомобил „Опел Омега“, пронајден 10 км од езерото, за кој е потврдено дека бил на местото.На 14 април 2012, резултатите од обдукцијата покажале дека во жртвите е пукано од три типа на огнено оружје, најверојатно од повеќе напаѓачи.

Според министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска: „Пукано е од непосредна близина. Не би можела да кажам колку точно е таа непосредна близина, меѓутоа пукано е од блиску. Видливи се трагите на телата од момчињата од огнено оружје и смртта настапила како резултат на огнострелните рани кои се евидентни на телата на момчињата и телото на петтата жртва, кој не е дел од групата момчиња кои заедно ловеле риба.“

Автомобил „Опел Омега“ со темноцрвена боја бил пронајден на 10 километри од местото на убиствата. Министерката Јанкуловска на 16 април 2012 потврдила дека возилото што го нашла полицијата било на самото место на убиството. „Трагите укажуваат дека токму ова возило било на местото на убиството. Упатуваме апел доколку некој го препознае, го забележал, да се јави на бројот 199“, изјавила Јанкулоска. Возилото било донесено од странство и не било региститрирано во Македонија, но имало украдени регистерски таблички, кои своевремено припаѓале на Мерцедес, кој веќе не учествувал во сообраќајот.

Убиствата предизвикаа протести од страна на граѓани на населбата Радишани, од каде потекнуваат четирите убиени момчиња. При протестите граѓаните го блокира пристапот до Радишани и Љуботенски Пат.

На истото место, но подалеку од четирите тела, било пронајдено телото и автомобилот на Борче Стефковски (45), кој исто така ловел риба.За него се претпоставува дека бил убиен подоцна. Увидот на местото на настанот траел преку целата ноќ, сè до до пладне на 13 април 2012 кога телата биле предадени на судските вештаци за обдукција, а автомобилите и чаурите биле подигнати од вештаците на крим-техника.

Заради немири за време на протестот, биле оштетени пет возила, меѓу кои и еден автобус на скопскиот градски превоз. Жителите во изјавите за медиумите изјавувале дека жртвите биле „мирни момчиња кои никому не згрешиле и побараа итно да биде расчистен случајот и да биде откриен злосторникот или злосторниците. Во населбата Радишани дошол и градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, кој побарал од сограѓаните да надвладее разумот.

Според министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска, заради настанот биле мобилизирани сите полициски службеници и било зголемено полициското присуство низ Скопје за да се сопре евентуална ескалација на настаните. Според неофицијалните информации, педесеттина лица, главно жители од соседните села и населби, биле повикани на информативен разговор.
Утрото на Велигден, 15 април 2012, по завршувањето на утринската литургија во Со­бор­ни­от храм на МПЦ, премиерот на Македонија, Никола Груевски изјавил:

Из­ра­зу­вам длабоко сочувство до семејствата на убиените. Она што во оваа при­го­да можам да го кажам е дека убијците ќе бидат фатени и казнети. И според за­ко­нот и од Бога. Ако воопшто ваквите луѓе разбираат што е тоа. Овој настан нè погоди сите нас. Нè погоди до срж, меѓутоа мораме да останеме ис­пра­ве­ни, да продолжиме да се справуваме со предизвиците. Сакам да им ис­пра­там порака и на сторителите дека кога-тогаш правдата ќе ги стиг­не и казната ќе ги стигне.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Воедно, тој посочи дека ги имаа контактирано сите канцеларии на седумте потписници на Охридскиот рамковен договор и дека не успеал да го обезбеди оригиналниот документ.

ТЕТОВЕЦОТ ИЛИР ЛУМА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ 20 ГОДИНИ ЧУВАЛ ПРИМЕРОК ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Илир Лума од Тетово, поранешен член на ПДП, во последните 20 години во домашни услови...

Во врска со моменталната ситуација со македонско - бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

ЗАЕВ: Нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера учествуваше на...

Читам дека во денешна Македонија има лекари кои не знаат латински. Мртов јазик, нели? Не знам како е со правниците, но и во правото, не само Римското право, без познавање на латинскиот не се може.

МИЛЧИН: Државата исчезнува од ден на ден- во Собранието се тргува и на ситно и на ангро

И ДЕНЕС ИСТОРИЈАТА Е УЧИТЕЛКА НА ЖИВОТОТ! Повозрасните граѓани веројатно ја паметат...