СМК бара Владата да упати кривична пријава до Меѓународниот кривичен суд против Бугарија за кривичното дела геноцид и кривичните дела против човештвото во согласност со Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд донесен на 17 јули 1998 година!

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 ноември, 2020 8:54

Бугарија врши меѓународно кривично дело геноцид и кривични дела против човештвото кон Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ВЛАДАТА ВО СОФИЈА ВРШИ КРИВИЧНИ ДЕЛА СПОРЕД РИМСКИОТ СТАТУТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ОБИДОТ ЗА НЕГОВА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го повикува Јавниот обвинител да поведе постапка против премиерот, министрите и пратениците од владиното парламентарно мнозинство, затоа што со склучувањето на 1 август 2017 година и ратификацијата на таканаречениот Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, што Собранието на Република Македонија го ратификува на седницата одржана на 15 јануари 2018 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 12/2018), вршат кривично дело “Загрозување на независноста“ казниво според членот 308 од Кривичниот законик, бидејќи ја доведуваат Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема Република Бугарија, а за што е пропишана казна затвор од најмалку пет години!

СМК, истовремено, укажува дека Бугарија врши меѓународно кривично дело геноцид и кривични дела против човештвото кон Македонија и Македонскиот народ според Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд донесен на 17 јули 1998 година, ратификуван во Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 30 јануари 2002 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 12/2002).

Владата во Софија нанесува ментални повреди врз Македонците и нивно страдање поради секојдневните закани со вето за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, доколку не се прифатат бугарските ултимативни барања утврдени во таканаречената “Рамковна позиција за проширување на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација: Македонија и Албанија“ усвоена од Владата на 9 октомври и потврдена со Парламентарна декларација на 10 октомври 2019 година, како антимакедонска симбиоза на бугарската политичка и научна елита за непризнавање на Македонската држава, народ, јазик, култура и историја!

СМК бара Владата да упати кривична пријава до Меѓународниот кривичен суд против Бугарија за кривичното дела геноцид и кривичните дела против човештвото во согласност со Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд донесен на 17 јули 1998 година!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...