БПЦ со пропаганда слична на онаа на официјална Софија, агитира за наводно признавање на МПЦ - ОА, која нели според БПЦ е нејзина ќерка црква, иако историјата кажува друго

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 10:10

Бугарија: Москва веќе не може да ја спречи независноста на Украинската и Македонската црква

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вселенската патријаршија може да објавува автокефалност на црквите кои сакаат да добијат независност, и без согласност на останатите помесни православни цркви.

Оваа одлука ја донел Архиерејскиот собор на Вселенската патријаршија на состанокот одржан во Истанбул од 1 до 3 септември, а практично значи дека Руската и Српската црква нема да можат да ја спречат независноста на Украинската и на Македонската православна црква, пренесува извори блиски до Бугарската црква.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј потсетил дека Руската православана црква без консултации со Вселенската патријаршија со векови си дозволувала самоуправа, наведувајќи ја како пример Киевска митрополија.

– Москва повеќе векови располага со Киевската митрополија без тоа да е дискутирано со Константинопол – истакнал Вартоломеј.

Претходно Руската и Српската црква се изјаснија против независноста на Украинската и на Македонската црква, инсистирајќи на тоа дека за да добијат тие автокефалност, потребно е со тоа да се согласат сите останати православни цркви.

Со тоа, Москва и Белград се надеваат дека ќе го блокираат патот на Македонија и Украина кон независност на црквите.

Московскиот патријарх Кирил пред неклку дена беше во Истанбул на средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј, во обид да го спречи давањето авфокефалност на Украинската и на Македонската црква.

Се очекува до крајот на месецов, Вселенската патријаршија да издаде томос за независност на Украинската црква.

Се уште не е познато во која фаза е постапката во однос на Македонската православна црква, пренесуваат од БПЦ, повикувајчи се на извори во Вселенската патријаршија.

Историски факт е дека Бугарската егзархија или бугарската национална автокефална црква е формирана на 28 февруари 1870 година од страна на Османлиското Царство со ферман од Отоманскиот султан. Охридската архиепископија т.е. Патријаршија е формирана 535 година и e укината 1767 година на 16 јануари исто така од страна на Османлиското Царство со ферман од Отоманскиот султан. Барањето го спроведува Цариградската патријаршија која пак како правна творба е формирана 596 година или 61 година по Охридската. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.